Sharesave сега е затворен за 2024 година
Веќе не прифаќаме пријавувања за овогодишниот Sharesave.
Ќе бидеш поканет/-а да се придружиш повторно во 2025 година доколку повторно се понуди Sharesave.
Замисли да си дел од нешто каде што твоите напори не само што придонесуваат за успехот на Flutter, туку и лично те наградуваат.
Посветени сме на создавање инклузивно работно место каде што ќе се чувствуваш ценет/-а и препознаен/-а. Затоа сме возбудени што го нудиме Sharesave – едноставен начин да бидеш дел од нашиот глобален успех.
Со Sharesave имаш можност да купиш акции на Flutter со попуст од 25 %. Штеди износ најмалку еднаков на локалниот еквивалент на 750 месечно, во траење од три години, а на крајот може да одлучиш да ги искористиш своите заштеди за да купиш акции на Flutter по намалена цена или да ги задржиш заштедите. Изборот е целосно твој.
Ова е твојата шанса да имаш корист додека нашата компанија расте. Sharesave е отворен за сите колеги вработени на неопределено и определено време, под услов да ни се придружиш пред 26 ноември 2024 година.
Избери фиксен месечен износ за заштеда помеѓу 750 и 30000 и штеди на твојата сметка
Уживај во опцијата за купување акции со попуст од 25 %
Прекини кога сакаш или паузирај со штедење до 6 месеци
Цена на акцијата намалена за 25 %
Временска рамка за пријавување
Почни да штедиш
Заврши со штедење
Одлучи што да правиш со заштедите
Sharesave се отвори со намалена цена на акцијата од 163.73 фунти. На Рик му се допадна флексибилноста и едноставноста, па се придружи и штедеше по 3.000 MKD месечно.
По три години, Рик заштеди 108.000 MKD. Дотогаш, цената на акцијата на Flutter се зголеми на 220 фунти.
Рик одлучи да ги искористи своите заштеди за да купи акции по намалена цена. Неговите 108.000 MKD се разменуваат во британски фунти (£) по курс од 0.0134, што е еднакво на 1.447.20 фунти. Со ова, може да купи 8 акции на Flutter (1.447.20 фунти ÷ 163.73 фунти).
Доколку одлучи да ги продаде акциите по новата цена на акцијата на Flutter, ќе вредат 1.760 фунти (8 акции x 220 фунти по акција). Конвертирањето на овој износ повторно во MKD по девизен курс од 73,31 е еднакво на 129,025.60 MKD (1.760 фунти x 73.31). Ова би било профит од 21,035.60 MKD (129,025.60 - 108,000 MKD), што е добивка од околу 20 %.
Рик сака да ужива во придобивките од тоа да биде акционер, па затоа одлучува да ги задржи своите акции, надевајќи се дека неговиот профит ќе расте понатаму како што расте Flutter.
Овој пример не го зема предвид движењето на девизниот курс во текот на тригодишниот период на штедење. Ако, како резултат на промените на девизниот курс, локалните заштеди не се доволни за да се купи максималниот број акции, Рик би можел да купи помалку акции или, во некои случаи, да ги надополни своите заштеди за да купи максимален број акции.
Не заборавај дека резултатите остварени во минатото не мора да значи дека се показател за успешноста во иднина. Резултати од вложувањата не се гарантирани и вредноста на кое било вложување може да оди надолу, но може да оди и нагоре. Заштедата може да си ја повлечеш во целост, и тоа за време на периодот на важење на планот за штедење или пак на крајот на Sharesave.
Знаеме дека животот може да биде непредвидлив, па затоа, добро е да знаеш дека Sharesave може да се приспособи на твоите лични околности. Користи го овој калкулатор за да видиш како може да изгледа Sharesave за тебе – моделирај различни сценарија кои ќе ти помогнат да ја донесеш вистинската одлука.
Овој калкулатор е само за илустративни цели, затоа што има идни променливи кои не може да се предвидат.
За дополнителни информации, види ги копчињата за информации низ секој дел.
Минималните и максималните износи на придонесот се поставени пред периодот на придружување на Sharesave со користење на фиксна стапка на конверзија.
Остатокот од овој калкулатор се базира на тековниот девизен курс: £1.00 = 73.3178 (последно ажурирање: 2024-11-25).
Ова е твојот „месечен износ на заштеда“ помножен по 36 месеци (3 години)
Ова е твојата „вкупна заштеда“.
Прикажаниот износ се заснова на тековниот девизен курс: £1.00 = 73.3178 (последно ажурирање: 2024-11-25), кој може да варира во иднина.
Ако стапката се намали, ќе ги конвертираш заштедите во помалку британски фунти и затоа ќе купиш помалку акции. Меѓутоа, ако девизниот курс се подобри во твоја полза, ќе може да ги купиш сите твои доделени акции, а преостанатата готовина ќе ти биде вратена.
Пред да започне секој период на Sharesave се одредува намалената цена. Ова е пазарната цена на акцијата во тој момент, со применет попуст од 25 %.
Може да купиш само цели акции, а не делови од нив, така што износот што се користи за купување акции е често помал од „вкупниот износ на располагање за купување акции“.
Поради тоа што е можно да се купат само цели акции, преостанатиот износ што не може да се искористи за купување акција ќе ти биде вратен.
Ова е разликата помеѓу „вкупниот износ на располагање за купување акции“ и „трошокот по намалена цена на акцијата“.
Ова е „вкупниот износ достапен за купување акции“ поделен со „намалената цена на акцијата“ – заокружен надолу до најблиската цела акција.
Не може да ги предвидиме идните цени на акциите, така што овој модел како почетна точка ја користи моменталната цена на акциите.
Може да го приспособиш повисоко или пониско за да видиш како идни промени во цената на акцијата може да влијаат на потенцијалната вредност на твоите акции, доколку избереш да ги купиш со своите заштеди.
Ова се твоите „вкупни акции“ помножени по „тековната/проценетата цена на акцијата“.
Ова е „проценетата идна вредност“ минус „трошокот по намалена цена на акцијата“.
Овој износ може да подлежи на данок.
Sharesave е штеден план со кој може да издвоиш фиксен износ пари секој месец, за одреден период од 3 години. На крајот од периодот на штедење, може да ги искористиш заштедите за да купиш акции на Flutter по намалена цена или може само да ги задржиш заштедите ако сакаш. Претставува едноставен начин да заштедиш пари и да оствариш евентуална придобивка ако цената на акциите на компанијата се зголеми.
Ако си слушнал/-а за „Заштеди како што заработуваш (SAYE)“ на друго место, тоа е истиот план за акции како Sharesave, само со алтернативно име.
Едноставно кажано, планот за акции е можност да поседуваш дел од компанијата во која работиш со купување акции.
Постојат различни типови планови за акции со различни карактеристики, а компаниите ќе го изберат оној кој најдобро одговара на потребите на нивните вработени и нивниот бизнис.
Sharesave е нашиот избран план за акции што се нуди во семејството Flutter.
Може да избереш да го заштедиш кој било износ помеѓу 12 и 500 евра месечно*.
*Или еквивалентен износ во локална валута.
Ако веќе штедиш во Sharesave од претходната година, комбинираните месечни заштеди во сите активни планови не може да бидат вкупно повеќе од 500 евра. Ако комплетираш Sharesave оваа година, ако не пропуштиш плаќања, тој месечен заштеден износ повеќе нема да се брои во лимитот, ослободувајќи простор за да го користиш во следниот Sharesave.
Само запомни, иако може да правиш паузи за плаќање до 6 месеци, не може да го намалиш или да го зголемиш месечниот износ откако ќе заврши периодот на покана.
Бројот на акции што можеш да ги купиш на крајот зависи од три работи:
За да видиш колку акции можеш да купиш, пробај го нашиот калкулатор.
Твоите заштеди се чуваат во локална валута и се претвораат во британски фунти на крајот на периодот на штедење за да купиш акции. Ако девизниот курс во тоа време е понеповолен отколку кога си започнал/-а, може да завршиш со купување помалку акции од првично проценетите. Од друга страна, доколку курсот е поповолен, може да го купиш комплетниот број на доделени акции.
Ќе купуваш акции во Flutter Entertainment plc. Овие акции котираат на Лондонската берза (LSE) и тргуваат во британски фунти.
Може да ги видиш нашата моментална цена на акциите и перформансот низ годините на нашата веб-страна.
Пред да започне секој период на Sharesave, одредуваме намалена цена. Ова е пазарната цена на акцијата на Flutter во тој момент, со применет попуст од 25 %.
Ако, на крајот од твојот Sharesave, пазарната цена е повисока од намалената цена, може да ги искористиш своите заштеди за да купиш акции по оваа намалена цена. Ако пазарната цена е пониска, може едноставно да си ги вратиш заштедите наместо тоа.
Камата може да се плати на заштедите, во зависност од твојата локација и условите на давателот на штедни услуги.
Имај предвид, секоја камата платена на заштедите нема да се земе предвид при пресметувањето на бројот на акции што може да ги купиш.
Дури и веќе да учествуваш во претходен Sharesave, сепак може да се придружиш на овогодишниот. Имај предвид неколку работи:
Во твојата земја, поради сложеноста на земање одбитоци од платата и поседување посебна штедна книшка, од тебе се бара да „штедиш самостојно“. Мора да отвориш сметка на свое име и да го заштедуваш износот за кој си се пријавил/-а секој месец во траење од три години.
Од тебе се бара да потврдиш дека ќе штедиш самостојно кога ќе се приклучиш на Sharesave и на крајот од трите години, доколку одлучиш да ги купиш акциите, исто така, мора да потврдиш дека си го зачувал/-а одредениот износ секој месец и дека средствата остануваат на сметката. Може да ти биде побарано и да обезбедиш докази за месечните заштеди доколку одлучиш да ги купиш акциите.
Ако сам/-а се грижиш за заштедите, строго препорачуваме да го провериш давателот на услуги и условите за користење при отворање на сметката.
Sharesave е отворен за сите колеги, без разлика дали се на неопределено или на определено време. Треба само да бидеш вработен/-а до одреден пресечен датум секоја година пред да се отвори Sharesave - овој датум ќе биде споделен со тебе преку e-порака. Ако не ги исполнуваш условите оваа година, не грижи се, Sharesave би требало да биде тука и следната година!
Имај предвид, Sharesave не е достапен за надворешни лица ангажирани со договор.
Sharesave е отворен ограничено време секоја година, обично само неколку недели. Испраќаме e-пораки за да се увериме дека сите се запознаени и имаат можност да се придружат.
Може да се придружиш преку Shareworks, нашата платформа за план за акции. Ја води Morgan Stanley at Work, администратор на нашите планови за акции.
Штедиш првпат?
Можеш да ја активираш твојата сметка со кликање на следниот линк: Активирај ја мојата сметка
Треба да ја активираш твојата сметка користејќи ја опцијата „Мојата службена e-адреса“. Доколку немаш е-адреса од Flutter, ќе треба да ја употребиш твојата приватна е-адреса што е евидентирана во твојот локален систем за човечки ресурси.
Откако ќе ја внесеш точната е-адреса, ќе добиеш е-порака која го содржи линкот за активирање на твојата сметка. Имај предвид: Е-пораката ќе бара да имаш при рака одредени информации за да го комплетираш процесот на активирање. (Дата на раѓање и презиме).
Кликни го линкот за да пристапиш кон страната за верификација и внеси ги бараните податоци за идентификација.
Откако твојот идентитет ќе биде верифициран, креирај идентификатор за најава (login ID), корисничко име и лозинка. Имај предвид: Доколку одбереш да не креираш корисничко име, ќе ти биде доделен број на сметка како твое корисничко име. Ќе можеш веднаш да пристапиш кон твојата сметка.
Си штедел/-а претходно?
Ако веќе имаш сметка на Shareworks, најави се со корисничкото име и со лозинката како и обично.
Пријави се онлајн на flutter.solium.com
Се пријавуваш за Sharesave во Полето за задачи (Task Area) од Контролната табла (Dashboard) – само кликни на Пријави се за договор (Apply for a Contract).
Не, придружувањето во Sharesave нема да влијае на твојот законски надомест на плата за боледување, законски надомест на плата за породилно отсуство или други бенефиции како вработен/-а што ги добиваш.
Сметката може да ја активираш со кликнување на следниот уникатен линк: Активирај ја сметката (Activate my account).
Имај предвид дека ќе треба да ги внесеш презимето и датумот на раѓање.
Покрај тоа, по првото најавување ќе треба да го внесеш телефонскиот број, за да го активираш процесот за двофакторна автентикација (2FA) на Shareworks. Ова е потребно за да додадеш банкарски податоци и да обработиш барање откако ќе завршиш со штедење.
Ако имаш какви било проблеми со активирањето на сметката или имаш дополнителни прашања, контактирај со Shareworks – види во делот за „Поддршка“ на оваа страница.
Ќе добиеш известување од Shareworks по завршувањето на периодот на покана со кое ќе се потврди дека може да го видиш бројот на акции што ќе може да го купиш на крајот од периодот на штедење на сметката. Овој број се пресметува така што ќе го земеш вкупниот износ што ќе го заштедиш и ќе го поделиш вкупниот број со фиксната намалена цена.
Девизните курсеви може да влијаат на вредноста на Sharesave. Твоите заштеди најверојатно ќе бидат во различна валута од онаа во која се тргува со акциите на Flutter (британски фунти). Ако одлучиш да купиш акции, девизниот курс во тоа време ќе одреди како вредноста се претвора во британски фунти и според тоа колку акции може да купиш.
Не. Откако ќе го избереш месечниот износ, треба да се придржуваш до него цели три години. Меѓутоа, доколку е потребно, можеш да паузираш со штедење до 6 месеци.
Да, доколку е потребно, може да паузираш со штедење до 6 месеци. Ова може да биде една пауза или серија пократки паузи.
Секое паузирање ќе се додаде на крајот на твојот тригодишен период на штедење, така што секој месец што го паузираш значи заштеда за дополнителен месец. Ова, исто така, ќе го одложи датумот кога може да купиш акции. Не може да ги надоместиш пропуштените плаќања подоцна со ретроспективно плаќање или натплаќање.
Ако паузираш подолго од 6 месеци, твојот Sharesave ќе заврши.
Да, може да го напуштиш Sharesave во кое било време и да ги задржиш сите заштеди.
За да го напуштиш порано, само поднеси барање преку платформата Shareworks.
Имај на ум дека ако одлучиш да го напуштиш планот за штедење порано, нема да може да купуваш акции по намалена цена.
Можеш лесно да имаш увид и да управуваш со Sharesave на платформата Shareworks.
Ако ги изгубиш корисничкото име или бројот на сметката или ја заборавиш лозинката, само оди на страницата за најавување на Shareworks и следи ги упатствата на екранот за да ти ги испратиме податоците по е-пошта.
За какви било други проблеми со пристапот, за помош контактирај со Morgan Stanley at Work преку линкот „Контактирај со нас“ на страницата за најавување.
Ако ги промениш името или адресата, едноставно ажурирај ги твоите податоци во локалниот систем за човечки ресурси и информациите автоматски ќе бидат испратени до Shareworks.
Ќе ни биде жал ако си заминеш, но ако го напуштиш Flutter, секогаш ќе може да ги задржиш заштедените пари.
Доколку си заминуваш поради стекнување право на старосна пензија, лоша здравствена состојба или како технолошки вишок, може да избереш да продолжиш со штедење за уште шест месеци, доколку така сакаш. Потоа можеш да ги задржиш твоите заштеди или да купиш намален број на акции по намалена цена.
Ако поднесеш оставка или си заминеш поради која било друга причина што не е опфатена погоре, твојата опција не може да се искористи и ќе пропадне. Меѓутоа, ги задржуваш твоите заштеди и сите камати.
Откако ќе го напуштиш Flutter, ќе добиеш известување за да ги видиш деталите на Shareworks за можностите што ти се достапни.
Ако се преселиш во друга компанија во семејството на Flutter, може да продолжиш да штедиш (зависно од локалните ограничувања).
Ако се преселиш во друга земја, локалните даночни правила во таа земја ќе важат за секаков профит во Sharesave и за тоа ќе се дискутира со тебе во тој момент.
Не е лесно да се размислува за тоа, но ако починеш додека штедиш во Sharesave, твојот личен застапник може да избере да ги искористи заштедите за да купи акции по намалена цена во рок од 12 месеци од датумот на смртта или до крајот на Sharesave, односно оној настан кој би се случил попрво.
Девизните курсеви може да влијаат на вредноста на Sharesave. Твоите заштеди најверојатно ќе бидат во различна валута од онаа во која се тргува со акциите на Flutter (британски фунти). Ако одлучиш да купиш акции, девизниот курс во тоа време ќе одреди како вредноста се претвора во британски фунти и според тоа колку акции може да купиш.
Кога ќе завршиш со штедењето во Sharesave, имаш шест месеци да одлучиш што да правиш:
Ако купуваш акции:
Ако одлучиш да ги купиш акциите и веднаш да ги продадеш, износот на готовина што ќе го добиеш ќе зависи од цената на акцијата на Flutter во моментот кога ќе побараш да ги купиш акциите. Поради тоа што цената на акцијата може да се зголеми или намали во текот на овие шест месеци, ќе треба ти да одлучиш кога е најдобро време да преземеш одреден чекор. Колку повеќе цената на акцијата се зголемува од намалената цена (со утврден попуст од 25 %) на почетокот на Sharesave, толку поголема ќе биде твојата парична добивка. Имај предвид дека девизниот курс во моментот кога ќе купиш акции ќе одреди колку вредноста се претвора во британски фунти и според тоа колку акции може да купиш. Приходите од продажбата ќе бидат во британски фунти, конвертирани во твојата барана валута, по курсот во моментот на трансфер на твојата банкарска сметка.
Не заборавај да избереш во рок од шест месеци од завршувањето на циклусот на штедење, што може да го направиш на платформата Shareworks.
За повеќе детали за данокот што се плаќа во твојата земја, погледни ја табелата во брошурата Sharesave, во делот „Ресурси“.
Девизните курсеви може да влијаат на вредноста на Sharesave. Твоите заштеди најверојатно ќе бидат во различна валута од онаа во која се тргува со акциите на Flutter (британски фунти). Ако одлучиш да купиш акции, девизниот курс во тоа време ќе одреди како вредноста се претвора во британски фунти и според тоа колку акции може да купиш.
Твојата одлука зависи од твоите лични околности, цената на акцијата и девизниот курс во тоа време. Еве неколку можни исходи:
Запомни, цените на акциите може да варираат, а секоја добивка при продажба на акции може да подлежи на данок. Горенаведените исходи не ги земаат предвид флуктуациите на девизните курсеви.
Може да се најавиш на сметката овде: Shareworks
За каква било помош за пристап или управување со сметката на Shareworks, контактирај со тимот во Morgan Stanley at Work:
Белешка: Услугата е достапна само од фиксни и мобилни телефони. Овие броеви не работат преку Zoom, ниту преку која било друга телефонска врска на интернет.
Се обидуваме да избегнеме жаргон, но ако наидеш на овие термини, еве што значат:
Износот што ќе одбереш да го заштедиш секој месец, помеѓу 12 и 500 евра (во твојот локален еквивалент – што може да се најде во делот „Клучни придобивки“).
Должината на времето на штедење – 3 години.
Ова ти дава право да купиш одреден број акции на Flutter по фиксна намалена цена откако ќе завршиш со штедењето. Тоа се нарекува „опција“, затоа што тоа е твој избор: може да ги купиш акциите или да си ја повлечеш заштедата.
Фиксната цена секоја година се одредува со 25 % попуст на пазарната вредност непосредно пред да се отвори временската рамка за придружување. Ова е цената по која ќе имаш опција да купиш акции штом ќе заврши периодот на штедење.
Времето секоја година кога вработените кои ги исполнуваат условите може да се придружат на Sharesave – обично околу 14 дена. Треба да се пријавиш во текот на ова временска рамка или да почекаш до следната година.
Датумот по затворањето на рокот за пријавување, кога апликациите за придружување кон Sharesave се официјално прифатени и потврдени.
Датумот кога завршува твојот тригодишен период на штедење и започнува твојата шанса да купиш акции по намалена цена – имаш 6 месеци од овој датум за да одлучиш.
'Искористувањето' на можноста значи поднесување барање за купување акции. Временската рамка за искористување е 6-месечен период во кој може да одлучиш да купиш акции по намалена цена или да си ја повлечеш заштедата.
Веќе не прифаќаме пријавувања за овогодишниот Sharesave. Ќе бидеш поканет/-а да се придружиш повторно во 2025 година доколку повторно се понуди Sharesave.
Ако имаш прашање што не е одговорено овде, само испрати е-порака до тимот:
За каква било помош за пристап или управување со сметката на Shareworks, контактирај со тимот во Morgan Stanley at Work:
+44 (0) 2074251075
(од 8:00 до 18:00 часот по средно време по Гринич, од понеделник до петок)
Белешка: Услугата е достапна само од фиксни и мобилни телефони. Овие броеви не работат преку Zoom, ниту преку која било друга телефонска врска на интернет.