Декотација на Flutter од Лондонската берза (LSE)

Вршиме декотација од (Лондонската берза (LSE) кон Њујоршката берза (NYSE) на крајот од јули 2026 година. Тоа значи дека од август, со акциите на Flutter ќе може да се тргува само на Њујоршката берза (NYSE), во американски долари.

Го најавивме ова на 12 јуни, а ќе се случи на крајот од јули.

Зошто се случува ова

При ревидирањето на нашите котациски структури, внимателно го разгледавме нивото на активност на тргување на Лондонската берза (LSE), и го споредивме тоа со дополнителниот трошок, како и со регулаторните и административните обврски од котацијата на Лондонската берза (LSE). Заклучивме дека е најдобро за Flutter и за нашите акционери да извршиме декотација од Лондонската берза (LSE).

Што тоа значи за вас

Не мора да правите ништо во моментов.

Ако со вашите бонуси во форма на акции или акции се тргува на Лондонската берза (LSE), вашите акции автоматски ќе се префрлат на Њујоршката берза (NYSE). Може да има дополнителни чекори кога за првпат тргувате со акции на Њујоршката берза (NYSE) – ќе обезбедиме понатамошни информации подоцна кога тоа ќе биде потребно.

Ова не ве засега ако со вашите бонуси во форма на акции или акции веќе се тргува на Њујоршката берза (NYSE). Може да видите дали со вашите бонуси во форма на акции се тргува на Њујоршката берза (NYSE) или на Лондонската берза (LSE) преку вашата сметка на EquatePlus – кликнете на „Детали за планот“ на плочката од планот и видете во „Учество“.

Colleagues in conversation on a sofa

Временски период

Најава

12 јуни 2026 година

Flutter го информираше пазарот дека ќе извршиме декотација од Лондонската берза (LSE).

Забрана за тргување

27-31 јули 2026 година

EquatePlus привремено прекинува да тргува со акциите на Flutter: сите тргувања на Лондонската берза (LSE) мора да завршат до 16:30 часот на 27 јули.

Декотација

31 јули 2026 година

Официјално ја напуштаме Лондонската берза (LSE), и со акциите на Flutter повеќе не може да се тргува овде.

Њујоршка берза (NYSE)

3 август 2026 година

Кога ќе се отворат пазарите, со сите акции на Flutter ќе се тргува на Њујоршката берза (NYSE).

Прашања и одговори

Можеби веќе ги имате видено овие во некој документ. Додадовме неколку дополнителни прашања со понатамошни детали, коишто може да ви бидат корисни.

Ќе извршиме декотација од Лондонската берза (LSE) на 31 јули 2026 година. Од 3 август 2026 година, ќе котираме само на Њујоршката берза (NYSE). Тоа значи дека по тој датум, со акциите на Flutter ќе може да се тргува само на Њујоршката берза (NYSE), во американски долари.

Декотацијата од Лондонската берза (LSE) се очекува да се случи на 31 јули 2026 година. Пред тоа да се случи, ќе има Период на забрана за тргување од 16:30 часот (по британско летно време) на 27 јули (кога ќе се затвори пазарот на Лондонската берза (LSE) ) до 31 јули, во текот на кој нема да може да тргувате со вашите акции на Flutter во EquatePlus (ова вклучува продажба, преноси и искористување). Ова се прави за да се овозможи да се извршат сите неопходни системски и административни ажурирања како цел од процесот на премин од Лондонската берза (LSE) кон Њујоршката берза (NYSE).

Овој Период на забрана за тргување ќе важи само за акции со кои моментално се тргува на Лондонската берза (LSE) или бонуси во форма на акции доделени на акции со кои се тргува на Лондонската берза (LSE). Единствен исклучок е Sharesave 2022 кој ќе истече на 31 јули 2026 година. Повеќе информации има во дел 3: Влијание врз Sharesave.

Не, може да продолжите да го користите EquatePlus на ист начин како и досега. Откако ќе заврши Периодот на забрана за тргување, ќе може да пристапите и да управувате со вашите акции и со бонусите во форма на акции како и вообичаено – иако тогаш веќе ќе тргувате со вашите акции од Flutter на Њујоршката берза (NYSE).

Не, бројот на акции што ги поседувате, или кои било нестекнати бонуси во форма на акции или опции, нема да се променат како резултат на декотацијата од Лондонската берза (LSE). Акциите коишто моментално ги поседувате едноставно ќе се пренесат и со нив ќе се тргува на Њујоршката берза (NYSE).

Нестекнатите бонуси ќе продолжат согласно постојните услови и ќе бидат испорачани како акции котирани на Њујоршката берза (NYSE) кога ќе се стекнат (согласно правилата на планот).

Да. Секоја акција означува исто сопствеништво во Flutter, без разлика дали со неа се тргува на Њујоршката (NYSE) или на Лондонската берза (LSE). Главната разлика ќе се состои во тоа што вашите акции ќе се вреднуваат во американски долари (US$), наместо во британски фунти (GBP).

Не, нема потреба да преземате ништо во моментов.

Ќе ве информираме за сите важни новости, вклучително и за тоа ако треба да преземете нешто подоцна.

Да, декотацијата влијае врз сите акции од Flutter со кои моментално се тргува на Лондонската берза (LSE), без разлика дали тие се чуваат во рамки на план за акции или надвор од таков план. Ако чувате акции од Flutter надвор од нашите планови за акции, и овие акции ќе бидат засегнати – важат истите информации што важат за акциите што ги чувате во рамки на планови за акции. За други акции што се чуваат на ваше име или кај ваш личен брокер, погледнете во Прашањата и одговорите за акционери во Flutter.

Меѓутоа, зависно од платформата за тргување што ја користите, може да немате Период на забрана за тргување. Повеќе информации за акциите што се чуваат во Сметката за планот за акции (SPA) на Computershare се достапни во делот 4 од EquatePlus : Влијание врз Сметките за планот за акции.

Декотацијата ќе влијае врз сите акционери во Flutter кои тргуваат на Лондонската берза (LSE). Ако поранешни колеги имаат акции од Flutter, непосредно или преку нашите планови за акции, за нив важат истите информации што важат за актуелните вработени. Поранешните колеги кои и понатаму имаат акции од Flutter или бонуси во форма на акции достапни во EquatePlus , исто така, ќе бидат засегнати од Периодот на забрана за тргување.

Да. Вашата сметка на EquatePlus останува непроменета, и може и понатаму да ја користите за да управувате со вашите акции од плановите за акции на Flutter на ист начин, вклучувајќи ја и SPA. Може да се најавите со користење на истите податоци за најавување што сте ги користеле претходно.

Ќе може да тргувате со бонусите во форма на акции од вашиот план за акции (на пример, да ја искористите вашата опција) од понеделник, 3 август 2026 година. Исто така, ќе може да продавате акции преку вашата SPA од понеделник, 3 август 2026 година или малку подоцна, меѓутоа, за тоа ќе треба прво да се заврши префрлањето на акциите од Flutter од Лондонската (LSE) на Њујоршката берза (NYSE). Ќе добиете е-порака од EquatePlus кога тргувањето во SPA ќе биде достапно.

Со вашите акции ќе се тргува на Њујоршката берза (NYSE) согласно сите регулаторни и законски ограничувања или ограничувања на компанијата кои своевремено може да бидат во сила, и под услов вашите акции на Њујоршката берза (NYSE) да се видливи во EquatePlus. Нема промена во однос на начинот на продажба и управување со акциите. Вашата сметка на EquatePlus останува непроменета, со исклучок на вредноста која ќе биде во американски долари (US$).

Процесот ќе остане ист за вработените со ограничување, кои ќе треба да побараат одобрение пред да тргуваат – за повеќе информации видете го прашањето 2.4 за ограничувања во тргувањето. Ако сте вработен со ограничување, ќе бидете информирани за тоа.

Со акциите на Њујоршката берза (NYSE) се тргува во американски долари (US$). Тоа значи дека приходите (уплатите) што ќе ги добиете кога ќе ги продадете вашите акции ќе бидат во американски долари (US$). Износот ќе зависи од:

  1. Вредноста на акциите на пазарот во моментот на продажба, и
  2. Курсот на американскиот долар (US$) во моментот на продажбата.

Вашите нето приходи од продажба (односно, вредноста на акциите минус кои било трошоци за провизии, надоместоци за тргување, кои било важечки такси и трошоци за курсна размена) потоа ќе бидат претворени во валута по ваш избор и уплатени на вашата банкарска сметка, со примена на курсната стапка во моментот на продажба. Целосни детали за овие трошоци се достапни на вашата сметка EquatePlus во делот Библиотека/Договори/Сметка за планот за акции – Тарифник.

Повеќето колеги можат да купуваат и продаваат акции од Flutter кога ќе посакаат. Меѓутоа, на некои колеги ќе им треба посебна дозвола доколку тие се класифицирани како лице со ограничувања, што значи дека ќе мора да бараат одобрување пред да тргуваат и да се придржуваат до Кодексот на групацијата за тргување со хартии од вредност. Тоа може да се направи преку „Функцијата за барање за тргување“ на InsiderTrack пред да дадете инструкција на EquatePlus. Може да тргувате само за време на периодот за тргување.

Ќе добиете е-пошта од InsiderTrack (flutter@insidertrack.net) за да бидете информирани доколку сте лице со ограничувања. Ќе добиете и известување од InsiderTrack преку кое ќе бидете информирани кога периодот за тргување со акции од Flutter ќе биде отворен или затворен.

За да пристапите до InsiderTrack, ако имате Single Sign On (SSO), тогаш кликнете на плочката InsiderTrack во вашата апликација. Ако немате пристап како корисник на SSO, одете на линкот: https://www.flutterinsiders.com/portallogon – сите лица со ограничувања би требало да имаат претходно добиено корисничко име (коешто е вашата адреса на е-пошта) и лозинка и мора да ги пополнат бараните информации за сметката. Откако ќе се најавите, кликнете на „Побарај да тргуваш“, пополнете го формуларот и поднесете го.

Одговор обично ќе биде даден во рок од 2 работни дена од поднесувањето, па затоа, обезбедете да имате доволно време за тоа. Ако биде дадено одобрение за тргување, тогаш член на Секретаријатот на компанијата ќе ви даде известување со период со дозвола за тргување. Инструкција преку EquatePlus може да се даде само во рамки на периодот одобрен за тргување. Ако периодот одобрен за тргување заврши, а не била дадена инструкција, тогаш ќе треба повторно да се поднесе барање за одобрување. Доколку подоцна увидите дека можеби поседувате внатрешни информации и/или материјални јавно необјавени информации, не смеете да тргувате (без разлика дали сте добиле одобрение) и мора да го информирате тимот на Секретаријатот на компанијата веднаш.

Ако имате какви било прашања за статусот на лице со ограничувања, за дозволата за тргување, или ако треба да ја ресетирате лозинката, контактирајте со cosec@flutter.com. Ова вклучува барања за продажба или пренос на вашите акции. Ќе ве известиме доколку подлежите на Кодексот за тргување.

Да. Ако ги продадете вашите акции, тогаш брокерски надоместоци и какви било надоместоци за меѓународен електронски пренос на пари ќе бидат наплатени во американски долари (US$) и ќе бидат одбиени од вашите приходи од продажбата. Има и надоместок за конверзија на валута (FX) кога вашите приходи се конвертираат во вашата локална валута.

Целосни детали за овие трошоци се достапни на вашата сметка EquatePlus во делот Библиотека/Договори/Сметка за планот за акции – Тарифник. Исто така, може да ги видите проценетите надоместоци во вашата сметка EquatePlus пред да ја потврдите продажбата.

Ако претпочитате да не ги продавате вашите акции, може да ги задржите во EquatePlus онолку долго колку што сакате. Вашите акции ќе се чуваат во Сметката за планот за акции (SPA) согласно условите за SPA.

Се наплаќа надоместок за пренос на вашите акции на сопствена брокерска сметка исто како што се наплаќаше и претходно. Меѓутоа, по 31 јули надоместокот ќе се наплаќа во американски долари (US$). Детали за овој надоместок се достапни во условите и одредбите на Сметката за планот за акции (SPA) во вашата сметка на EquatePlus.

Исто така, акциите може да ги чувате во EquatePlus онолку долго колку што сакате доколку не сакате да ги пренесувате. Вашите акции ќе се чуваат во Сметката за планот за акции (SPA) согласно условите за SPA.

Во повеќето случаи, нема промена во начинот на оданочување на продажбата на вашите акции. Меѓутоа, има неколку работи што треба да се имаат предвид кога тргувате со акции на Њујоршката берза (NYSE).

  • Данок на капитална добивка (Обединето Кралство):
    Ако сте даночен обврзник во Обединетото Кралство, обично плаќате Данок на капитална добивка на сиот профит што ќе го остварите при продажба на вашите акции, без оглед на тоа дали тие котираат на Лондонската (LSE) или на Њујоршката берза (NYSE).
  • Валута и пријавување:
    Акциите што се продаваат на Њујоршката берза (NYSE) се со цена во американски долари (US$), но заради оданочување во Обединетото Кралство, сите добивки мора да ги пресметате и пријавите во британски фунти (GBP). Оттука, движењата на девизниот курс може да влијаат врз добивката што подлежи на оданочување.
  • Даночни аспекти поврзани со САД:
    Данок на САД обично не се применува на продажбата на акции за лица кои не се државјани на САД. Меѓутоа, ако имате домашна адреса во САД, банкарска сметка во САД или брокерска сметка во САД, можеби треба да проверите за да се уверите дека го имате пополнето формулaрот W-8BEN на EquatePlus. Преку овој формулар се обезбедува примена на правилната даночна стапка од страна на Даночната служба на САД. Понатамошни детали за начинот на пополнување на формуларот се достапни на EquatePlus доколку тоа е релевантно за вас.

Даночниот третман зависи од вашите индивидуални околности. Доколку не сте сигурни како овие обврски важат за вас, може да се консултирате со независен даночен советник.

Декотацијата нема да влијае врз условите од кој било Sharesave во којшто моментално учествувате. Намалената цена (односно цената со попуст) на акциите поставена на датумот на покана на секој Sharesave ќе остане непроменета, а вашите месечни заштеди ќе продолжат како и нормално.

Декотацијата не ги засега времето или условите на идните доспевања на Sharesave. Меѓутоа, ако изберете да ги искористите вашите заштеди за да си купите акции на крајот од Sharesave, вашите акции ќе котираат на Њујоршката берза (NYSE) наместо на Лондонската берза (LSE), и со нив ќе се тргува во американски долари (US$) наместо во британски фунти (GBP).

Вашиот 2022 Sharesave заврши на 1 февруари 2026 година. Имате рок до 31 јули 2026 година за да одлучите дали да купите акции по намалена цена или да си ја повлечете заштедата (освен доколку не сте направиле пауза од штедење). Може да се најавите на EquatePlus во секое време до 27 јули за да ги прегледате опциите и да ја искористите вашата заштеда за да купите акции од Flutter со попуст (да ги искористите вашите опции) и да ги продадете веднаш. Ако одлуката ја донесете за време на Периодот на забрана за тргување помеѓу 27 и 31 јули, ќе бидете ограничени на купување и задржување на вашите акции, или повлекување на вашата заштеда.

Ако сте направиле пауза од штедење, овие датуми се одложуваат за еден месец за секој месец во текот на кој сте правеле пауза. Тоа значи дека одлуката може да ја донесете по 31 јули, но имајте предвид дека ако одлучите да ги купите акциите по намалена цена по 3 август, купувањето ќе го извршите во американски долари (US$).

Пазарната цена за нашите акции се менува од ден на ден, но на 30 јуни 2026 година вашиот Sharesave е „без пари“, што значи дека утврдената цена на опцијата е повисока од пазарната цена. Ако пазарната цена се зголеми, може да имате можност да остварите добивка од Sharesave, но одлуката мора да ја донесете до горенаведените датуми.

Како потсетник, намалената цена за акција може да ја видите на вашата сметка EquatePlus. Ако пазарната цена е повисока кога ќе дојдете да купите, ќе купите по намалената цена; ако таа е пониска, може да изберете да ја повлечете вашата заштеда.

Купете и продајте ги некои или сите ваши акции

Ако сакате да ги купите и продадете вашите акции, изборот мора да го направите пред 27 јули.

EquatePlus ќе биде во Период на забрана за тргување од затворањето на пазарот на Лондонската берза (LSE) (16:30 часот по британско летно време) на 27 јули до 31 јули, и во текот на овој период нема да може да продавате никакви акции. Ако сакате да ја употребите вашата заштеда за да ги искористите вашите опции и веднаш да ги продадете, мора да дадете инструкција и да го направите тоа благовремено за да има време трансакцијата да заврши до 27 јули до 16:30 часот по британско летно време.

Купете и задржете ги вашите акции

Овој избор моментално не е достапен за Sharesave 2022. Сепак, ние работиме со Computershare за да овозможиме избор „Задржи ги сите“ и ќе ве известиме штом ова биде достапно. Откако ќе ве известиме дека овој избор е достапен, ако сакате да ги купите вашите акции на Sharesave и да ги задржите, испратете е-порака на shareplans@flutter.com пред 31 јули – иако можеби би било подобро да го сторите ова до 27 јули за да се осигурите дека нема да има одложувања. Ќе треба да се погрижите сите даноци што се должат да бидат примени од Flutter во времето на извршување. Ако штедите самостојно за Sharesave (односно, вашата заштеда не се одзема директно од вашата плата или пак вашата заштеда се чува на банкарска сметка на ваше име), исто така, ќе треба да се погрижите вашата заштеда да биде кај Flutter пред 31 јули.

Повлекување на заштедата

И за време на Периодот на забрана за тргување ќе може да ја повлечете вашата заштеда.

Да, може да изберете да ја повлечете вашата заштеда наместо да купите акции. Повлечената заштеда ќе ја добиете во готовина, согласно нормалниот процес на Sharesave.

Ако одлучите да ја повлечете вашата заштеда, изборот ќе треба да го направите во EquatePlus. Имајте предвид дека периодот на забрана за тргување од 27 до 31 јули нема да важи за затворањата на Sharesave.

Може да се најавите на EquatePlus во секое време за да ги прегледате вашите опции и да направите избор да извршите повлекување од Sharesave и целосно да си ја повлечете заштедата.

Да, и понатаму ќе може да ја искористите вашата заштеда на Sharesave за да купите акции од Flutter откако ќе го достигнете одложениот датум на доспевање. Ако ја искористите заштедата од Sharesave за да купите акции со попуст пред 31 јули, тоа ќе се реализира на Лондонската берза (LSE) во британски фунти (GBP). Ако од заштедата купите акции по 31 јули, тоа ќе се реализира на Њујоршката берза (NYSE) во американски долари (US$). Цената на опцијата ќе остане во оригиналната валута поставена на почетокот, но доколку изберете да купите и да ги задржите вашите акции од Sharesave, од 3 август нивната вредност ќе ви се прикажува во американски долари (US$).

Од 3 август, кога со сите акции од Flutter ќе се тргува на Њујоршката берза (NYSE), вредноста на која било акција од Flutter што ја имате – вклучително и вашиот Sharesave – исто така, ќе биде засегната од девизниот курс, познат и како FX.

Намалената цена за акција за Sharesave 2022 беше утврдена во британски фунти (GBP) за учесници во Обединетото Кралство и од Островот Ман, и во евра (EUR) за учесници во остатокот од светот. Вашата заштеда во Sharesave е во вашата локална валута (тоа може да го видите на EquatePlus).

Ако заштедата во Sharesave ја искористите за купување акции од Flutter по намалена цена по 3 август 2026 година, ние ќе ја:

  1. Пресметаме вредноста на вашата заштеда во американски долари (US$). Тоа ќе зависи од девизниот курс во моментот на искористување.
  2. Пресметаме намалената цена на опцијата во американски долари (US$) со примена на истиот девизен курс.

За да видите како ова функционира во практика, погледнете го калкулаторот во „Доспевање“ – ова ќе биде достапно во американски долари (US$) од 3 август 2026 година. Дополнителни информации за тоа како девизниот курс влијае врз Sharesave има во делот „Акции“ во Прашањата и одговорите од „Доспевање“.

Ако сте во планот на Sharesave за Обединетото Кралство или Ирска, вашата заштеда се чува во Computershare. За конвертирање на вашата заштеда во американски долари (US$) се наплаќа надоместок. Целосни детали за овие трошоци се достапни на вашата сметка EquatePlus во делот Библиотека/Договори/Сметка за планот за акции – Тарифник. Исто така, може да ги видите проценетите надоместоци во вашата сметка EquatePlus пред да ја потврдите продажбата.

Декотацијата не ги засега времето или условите на идните доспевања на Sharesave. Цената на опцијата ќе остане во оригиналната валута. Меѓутоа, ако изберете да ги искористите вашите заштеди за да си купите акции на крајот од Sharesave, вашите акции ќе котираат на Њујоршката берза (NYSE) наместо на Лондонската берза (LSE), и со нив ќе се тргува во американски долари (US$) наместо во британски фунти (GBP). Целосни детали ќе бидат обезбедени пред настапување на релевантниот датум на доспевање.

EquatePlus има одделна SPA за секоја берза на која Flutter котира. Тоа значи дека моментално има две SPA, една за Лондонската берза (LSE) и една за Њујоршката берза (NYSE). По декотацијата од Лондонската берза (LSE), SPA за Лондонската берза (LSE) ќе биде затворена. Нема да има промени за акциите што се чуваат во SPA за Њујоршката берза (NYSE) .

Ако чувате акции во SPA за Лондонската берза (LSE), по декотацијата ќе продолжите да го имате истиот број акции што сте го имале непосредно пред декотацијата. Меѓутоа, тие ќе бидат префрлени на SPA за Њујоршката берза (NYSE). Ќе може да тргувате со нив само на Њујоршката берза (NYSE), што значи дека секоја продажба ќе се исплаќа во американски долари (US$).

Не, нема потреба да отворате нова сметка. Може да продолжите да ја користите вашата постојна сметка EquatePlus за чување и управување со вашите акции, откако тие ќе бидат котирани на Њујоршката берза (NYSE).

Вашите акции и понатаму ќе фигурираат во вашата сметка EquatePlus , но со нив ќе се тргува на Њујоршката берза (NYSE). Тоа значи дека вредноста и трансакциите ќе се прикажуваат во американски долари (US$), наместо во британски фунти (GBP).

Да, вашите акции и понатаму ќе фигурираат во вашата сметка EquatePlus , но со нив ќе се тргува на Њујоршката берза (NYSE). Тоа значи дека вредноста и трансакциите ќе се прикажуваат во американски долари (US$), наместо во британски фунти (GBP). За повеќе детали, видете во секцијата за „Тргување со вашите акции“.

Ако не сте државјанин на САД, можеби треба да проверите за да се уверите дека го имате пополнето формуларот W-8BEN на EquatePlus ако имате адреса, банкарска сметка или брокерска сметка во САД. Преку овој формулар се обезбедува примена на правилната даночна стапка од страна на Даночната служба на САД. Во ниту еден друг случај не треба да преземате ништо друго.

Не, ако веќе имате акции во SPA за Њујоршката берза (NYSE) на EquatePlus, нема да има никакви промени.

Не. Нема да има никакви други промени во вашата сметка EquatePlus , ниту во вашата SPA.

Не. Нема да ги изгубиш бонусите во форма на акции од Flutter како резултат на промената во нашето котирање.

Не. Условите нема да се променат, па така, ќе продолжите да поседувате бонуси во форма на акции под истите услови под кои ги поседувате денес, секогаш во согласност со релевантните правила од планот за бонуси. Единствената разлика се состои во тоа што кога ќе го стекнете бонусот, вашите акции ќе бидат котирани на Њујоршката берза (NYSE) и со нив ќе се тргува во американски долари (US$).

Не. Декотацијата генерално нема никако да влијае врз датумот на издавање. Ако вашиот бонус требало да биде издаден за време на Периодот на забрана за тргување, издавањето се одлага за по завршувањето на периодот (3 август 2026 година). Ќе добиете одделно известување ако ова ве засега вас.

Не. Ќе добиете одделно известување ако ова ве засега вас. Овие промени генерално нема да никако да влијаат врз датумот на искористување на вашата опција/опции. Ако вашата опција треба да ја стекнете за време на Периодот на забрана за тргување, стекнувањето се одлага за по завршувањето на периодот (3 август 2026 година). Како потсетник, не може да искористите никаква дискрециска опција за време на Периодот на забрана за тргување.

Секаде каде што беше можно користевме лесно разбирлив јазик. Сепак, може да наидете на некои од следниве термини.

Период на забрана за тргување

Утврден период во кој вработените се привремено оневозможени да ги продаваат или пренесуваат акциите на компанијата. Ова се прави за да се овозможи да се извршат сите неопходни системски и административни ажурирања како цел од процесот на премин од Лондонската берза (LSE) кон Њујоршката берза (NYSE).

Зделка

Ова е терминот што се користи за купувањето или продавањето акции.

Декотација

Отстранување на акциите на друштвото од берзата, што значи дека со нив не може повеќе јавно да се тргува на таа берза.

EquatePlus

Онлајн платформа на Computershare за колегите да управуваат со своите планови за акции и сметки на Flutter, којашто им овозможува да ги прегледуваат, да управуваат и да вршат трансакции со нивните акции.

EUR

Евро, официјална валута на Европската Унија.

Flutter

Flutter Entertainment plc, глобална компанија за спортско обложување, игри и забава.

Конверзија на валута (FX)

Процесот на претворање една валута во друга, што обично се бара при тргување со акции котирани во друга валута.

GBP

Британска фунта, официјална валута на Обединетото Кралство.

Кодекс на групацијата за тргување со хартии од вредност

Интерни правила на Flutter кои го уредуваат начинот на кој колегите можат законски да купуваат или продаваат акции на друштвото, со кои се помага да се обезбеди усогласеност со пазарните прописи.

Котација

Прифаќање на акциите на друштвото на берза, со што се овозможува јавно тргување со нив.

Лондонска берза (LSE)

Главната берза на Обединетото Кралство каде се купуваат и продаваат акции на котирани друштва.

Њујоршка берза (NYSE)

Главната берза на САД со седиште во Њујорк каде се тргува со акции на котирани друштва.

Приходи

Пари добиени од продажба на акции, по сите применливи надоместоци, даноци или конверзија на валута.

Вработен со ограничување

Вработен на Flutter кој подлежи на дополнителни ограничувања во тргувањето (на пр. поради пристап до чувствителни информации на друштвото) согласно правилата за тргување на друштвото.

Реализирано

Моментот во кој трансакцијата со акции е целосно завршена, односно сопственоста е префрлена и плаќањето е извршено.

Акции

Единици сопственост во едно друштво, и тоа непосредна или посредна преку планови за акции. Поседувањето акции може да му даде право на сопственикот на дивиденди и гласачки права.

Сметка за планот за акции (SPA)

Сметка на која се чуваат и се управува со акциите на некој колега од планот за акции во друштвото по нивно стекнување.

Тргување

Чинот на купување или продавање акции на берзата. Се нарекува и склучување зделки.

US$

Американски долар, официјална валута на Соединетите Американски Држави.

Државјанин на САД

Лице кое има државјанство, престој или банкарска сметка/-и во Соединетите Американски Држави.

Електронски пренос на пари

Електронски пренос на средства од една банкарска сметка на друга, често користен за примање приходи од продажба на акции.

W-8BEN

Даночен формулар во САД којшто го пополнуваат лица‑кои не се државјани на САД за да го потврдат нивниот статус на странец и потенцијално да го намалат задржувањето данок на приходи‑со потекло од САД (како што се дивиденди). Ова е релевантно само ако имате домашна адреса, банкарска сметка или брокерска сметка регистрирана во САД на EquatePlus.

W-9

Даночен формулар во САД којшто го пополнуваат лица државјани на САД за да го приложат својот даночен број (TIN) и да го потврдат својот даночен статус, со што се овозможува точно пријавување и оданочување на приходот од САД.

Ресурси

Корисни линкови

Colleagues using the escalator in the Flutter offices

Твојата сметка

Управувајте со бонусот во форма на акции преку EquatePlus, нашата безбедна онлајн платформа раководена од Computershare.

Посетете ја страницата EquatePlus.com или користете ја апликацијата EquateMobile за да започнете.

Поддршка

За каква било помош за пристап или управување со сметката на EquatePlus, контактирај со тимот во Computershare:

United Kingdom

+44 117 471 5342

United States

+1 877 505 8457

The plus "+" sign is an international exit code. You can replace it with the exit code of the country from which you are calling.
For example: if dialling from India, you may replace + with 00 followed by 91 (the dialling code for India) and dial 0091 117 471 5342.

icon of speech bubbles

Ако имате други прашања, едноставно испратете е-пошта до тимот:

shareplans@flutter.com

Изјава за одрекување од одговорност

  1. Оваа страница има само информативна цел и информациите не треба да се сметаат за финансиски совет или препорака за инвестирање. Ниту еден член на Flutter или кој било од службениците, вработените, агентите или претставниците не ви дава инвестициски, даночни или други совети. Вредноста на акциите на Flutter може да се намалува, но и да се зголемува.
  2. Ве охрабруваме да направите сопствено истражување и да се консултирате со квалификуван, самостоен, стручен финансиски и/или даночен советник.
  3. Информациите дадени на оваа веб-страница и другите соопштенија се даваат добронамерно. Доколку се во спротивност со која било официјална документација или важечко законодавство, тогаш овие вториве имаат предност.